Петар Печков
Објавено: среда, 30 октомври 2013
Претпладнево рибарите рекреативци посочуват дека вливот на реката Бабуна во Вардар има невообиачена боја. Забележлива е крв-црвената боја. Ова се случувало и во изминатиот период. Не е забележан помор на риби, но бојата што ја има водата е невообичаена и нестандардна.
Дали некој ги пере свињарските фарми кои се горе по течението на Бабуна или е нешто друго, треба да одговорат надлежните инспекции. Не треба сметот да се фрла по реката и еднаш да се стави крај на ова самоволие, кое е присутно подолго веме во овој дел – велат рибарите.
Први реагираа од Кланицата на МИ Агрија, кои децидно отфрлија и најмало сомнение, дека кај нив може да се случило било каков технички пропуст.
Tweet |